АРМОС ги испорача префабрикуваните елементи за апликацијата Terre Armee на автопатот Демир Капија – Смоквица, дел од паневропскиот Коридор X во Северна Македонија.
Изградбата на 28,2 километри модерен автопат од Демир Капија до Смоквица ја спроведе Грчката градежна компанија АКТОР и паралелно го сигнализираше завршувањето на европскиот коридор X што го поврзува Салцбург, Австрија со Солун, Грција преку Љубљана, Загреб, Белград и Скопје (вкупна должина од 1.451 км).
Автопатот Демир Капија-Смоквица, наречен и „Автопат на пријателство“ беше симболичен проект, бидејќи го означи почетокот на Европската кампања за поддршка на заедницата во секторот на транспортот.