АРМОС ги испорача префабрикуваните прагови (тип Б70) за железничкиот проект „Рехабилитација на јужниот дел од железничката траса 10 (Фуша Косова – Хани и Елезит“).
Проектот се однесува на рехабилитација на железничка пруга долга 67 километри што го поврзува Косово со Северна Македонија и е поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Армос беше избран од познатиот италијански изведувач GCF – Generale Costruzioni Ferroviarie – да произведе и испорача на лице место сертифицирани прагови B70 за покривање на целата должина на железничката линија.