Во индустриската област Куманово, Северна Македонија и на приватна површина од 13.000 m², АРМОС БАЛКАН ДОО сега го развива својот најнов префабрикуван производствен погон.
АРМОС БАЛКАН ДОО, која припаѓа на АРМОС Групацијата, инвестираше над 4 милиони евра во Индустриската зона Куманово за своите нови капацитети.
Проектот е реализиран од страна на ARMOS Precast S.A. и опфаќа изградба на индустриски објект со вкупна површина од 4.000 m² и нето слободна висина од 9.00m, деловна зграда како и изградба на магацин за готови производи, пристапни патишта и уредување работи.
Структурниот систем на објектот се состои од префабрикувани бетонски елементи (столбови, греди, носачи, ѕидови и плочи). Деловната зграда е исто така изработена од префабрикувани елементи, користејќи структурен систем од префабрикувани двојни ѕидови и плочи.
Новата фабрика има свој оддел за преработка на челик и бетонска база. Поставени се нови производни линии за преднапрегнати прагови (железнички), безбедносни бариери и конструктивни елементи за изградба на згради. По неговото завршување, објектот ќе произведува широк спектар на производи кои ги исполнуваат локалните и Европските стандарди и се користат за Автопати, Железници и Градежни проекти.
Изградбата се очекува да заврши до Септември 2022 година. Се очекува да се вработат повеќе од 40 постојани и сезонски работници во погонот на Армос во Куманово.