Армос е сертифициран според EN ISO 9001, 14001 и 45001 за управување со квалитет, животна средина и здравје и безбедност. Сите префабрикувани производи и елементи се со CE ознака, според Европските норми.
Компанијата е посветена на намалување на влијанието на своето работење врз животната средина, како и на заштита на безбедноста и здравјето на своите вработени. Поради оваа причина, Армос имплементира Систем за управување со животната средина (според EN ISO 14001:2015) и Систем за управување со здравје и безбедност (според EN ISO 45001: 2018).